Лондонскиот Арсенал ќе продолжи со тренинзи во својата база и тоа следната недела. Клубот изготви правила за активности во услови на пандемија.
Играчите ќе треба да пристигнат сами, а по тренингот ќе се вратат во своите домови. Сите згради во тренинг центарот ќе останат затворени, што значи дека нема да се користат тушеви или да имаа играчите заеднички оброк.
Во Англија, екипите прават планови за старт на подготовките со што би биле подготвени за продолжување на сезоната што е суспендирана на неодредено време. Предвидени се серија разговори на владино ниво следната недела за враќање на спортот, дури и без гледачи на трибините.