Фудбалерите на Арсенал славеа на првиот меч на Интерконтиненталниот куп на шампионите во САД. Откако ја добија контролата со Колорадо Рапидс, синоќа „топчиите“ тргнаа со победа против Баерн Минхен во рамките на еден однајсилните летни подготвителни настани.
Во Лос Анџелес, момците на Унаи Емери победија со 2:1 на меч против екипата на Баерн (М). Младиот Луис Познански постигна автогол за водство на Англичаните од 1:0 на стартот на второто полувреме, по што Германците преку Левандовски успеаја да израмнат. Одлучувачкиот гол дојде во 88. минута, кога Нкетиах погоди за конечни 2:1.