Арсенал ќе се раздели со Арон Рамзи или оваа зима, или позавршувањето на сезоната. Преговорите меѓу Велшанецот и раководството на тимот за нов договор не завршија успешно и тој нема да потпишува нов договор со „топчиите“.
Неговиот договор завршува следното летото, но за да потпише нов договор со лондончани раководството на клубот ќе треба да му ги исполни големите финансиски побарувања. Изминатиот летен преоден рок, лондончани отфрлиле понуда од 50 милиони фунти за велшкиот репрезентативец од засега непознат клуб, бидејќи биле сигурни дека ќе ја продолжат соработката со него. Сега излезе дека Рамзи не сака да остане под условите кои му се понудени, па Арсенал се соочува да го загуби без отштета.