Арсенал размислува да даде изненадувачка понуда за напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс, тврди „Скај Спортс“.
Според информациите, лондончани по завршувањето на сезоната ќе се обидат да го земат 33-годишниот Белгиец. Минатото лето, Мертенс беше близу до трансфер во Челзи, но на крајот тој реши да потпише нов договор со Наполи до 2022 година. Во Арсенал, сепак, веруваат дека можат да го убедат Белгиецот да го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“ и да проба нов предизвик на крајот од неговата кариера.
Оваа сезона Мертенс има 4 гола и 6 асистенции на 13 натпревари во Серија А.