Фудбалерот, Гранит Џака. може да остане во Арсенал откако клубот ја одбил понудата од Рома во висина од 12 милиони евра и дополнителни три во форма на бонуси, објави италијанскиот новинар, Фабрицио Романо.
„Топчиите“ откако испаднаа од трката за потпсиот на Мануел Локатели, сега ќе се обидат да го убедат Швајцарецот да остане во клубот. Затоа ќе му понудат поголема плата.
Во исто време, 28-годишниот играч кој ја имаше капитенската лента, изјави дека сака да ја промени средината.