Арсенал ќе се обиде да доведе две засилувања од шампионот Манчестер Сити. По трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд на „Етихад“, стана јасно дека Габриел Жесус ќе го напушти тимот на „граѓаните“. Интерес за него веднаш покажале „топчиите“.
Менаџерот на лондонскиот клуб Микел Артета е заинтересиран и за бекот Александар Зинченко, со кого исто сака наскоро да почне разговори за соработка.