Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арсенал сака да купува напаѓач од Селтик
    Фудбал

    Арсенал сака да купува напаѓач од Селтик

    risteBy riste13/04/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Лондонски Арсенал има интерес за напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард. Според „Телеграф“, раководството на „топџиите“ планира да го зголеми бројот на напаѓачи во летниот преоден рок и смета дека Едуард е најдобриот кандидат за оваа улога.

    Челниците на Арсенал го гледаат како долгорочна замена за Александар Лаказет, кој ќе наполни 30 години овој мај. Според изворот, Арсенал веќе контактирал со преставниците на францускиот напаѓач, но во текот на летото ќе мора да се соочат со конкуренција за да го добијат овој играч затоа што за него е заинтересиран и Лестер Сити.

    Одсон Едуард потекнува од школата на ПСЖ, за чиј прв тим не одигра ниту еден натпревар. Во август 2017 година, тој премина во Селтик на поазјмица, а веќе во мај 2018 година Селтик го купи од ПСЖ за 10,3 милиони евра. Оваа сезона во шкотската Премиер лига, Едуард одигра 27 натпревари и постигна 16 погодоци (5 од пенал), што го направи најдобар стрелец во лигата. Неговата вредност се проценува на 15 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.