Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арсенал сака со нов договор да го задржи Рамзи
    Фудбал

    Арсенал сака со нов договор да го задржи Рамзи

    sasoBy saso17/08/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Арсенал ќе му понуди нов договор на фудбалерот од средниот ред, Арон Рамзи. Шефовите на „Емирати“ се надеваат дека ќе успеат да го убедат 27-годишниот играч да го продолжи договорот и така да го одбијат интересот кој за него владее кај неколку други тимови.

    Последната година од тековниот договор на Рамзи со „топчиите“ почна да истекува, а тоа почна да привлекува огромен број на клубови кои сакаат да го ангажираат од следната сезона. Засега во листата на потенцијални кандидати за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед , Барселона, Челзи и Лацио, но и неколку кинески клубови, кои исто така, внимателно ја следат ситуацијата.

    Токму поради оваа причина во Арсенал брзаат да го обезбедат играчот со нов договор. Клубот успеа да го задржи Месут Озил, нудејќи му плата од 350.000 фунти неделно, а сега и Рамзи ќе добие такво зголемување кое може да биде и мал проблем за буџетот на лондончани. Велшанецот, наводно, бара договор со плата од 250.000 фунти неделно, а ова ги става во неповолна ситуација сопствениците на клубот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.