Екипата на Арсенал имала испратено свои скаути во Италија за да го следат настапот на Денис Прает на натпреварот кој неговата екипа Сампдорија го играше со Лацио и го загуби со 1:2, објави „Газета Дело Спорт“.
Англискиот клуб се надева дека ќе направи нов трансфер од Џенова, откако играчот од средниот ред, Уругваецот, Лукас Тореира, ги засили „топџиите“ во текот на минатото лето.
Досега оваа сезона, Прает играше 33 натпревари за Сампдорија, со два гола и два асистенции. Играчот е вреден 30 милиони евра според Сампдорија, а интерес за него има од Валенсија и Севиља.