Арсенал постигна договор со младинскиот репрезентативец на Шпанија, Кристијан Москера. Дефанзивецот на Валенсија се договорил за личните услови со „топџиите“, но двата клуба сè уште разговараат за цената.
Лондончани веќе понудија 14 милиони евра, што беше одбиено од Валенсија. Арсенал сега подготвува втора понуда. Тие очекуваат шпанскиот клуб да прифати понуда од околу 20 милиони евра.
Москера е младински репрезентативец на Шпанија. Минатата сезона одигра 41 натпревар за Валенсија, постигнувајќи еден гол. Неговиот договор е со важност уште една година.

