Букајо Сака се согласил на петгодишно продолжување на договорот со Арсенал, според „Атлетик“. Тековниот договор на англискиот репрезентативец истекува во јуни 2027 година, но „топџиите“ наводно му понудиле нов договор со подобри услови што ќе го задржи во лондонскиот клуб до 2031 година.
24-годишниот Сака е производ на академијата на Арсенал и постигнал 77 гола во 290 настапи во осум сезони за тимот на Арсенал. Во последните месеци, во екипата на Арсенал ги обновија договорите на неколку клучни играчи, вклучувајќи ги централните дефанзивци Вилијам Салиба и Габриел Магаљаеш, како и на уште двајца таленти од академијата кои се дел од првиот тим – Итан Нуанере и Мајлс Луис-Скели.
Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 49 бода, шест пред Манчестер Сити и Астон Вила. Овој викенд, тимот на Микел Артета гостува кај Портсмут во третото коло од ФА Купот.

