Арсенал пројавува сериозен интерес за дефанзивецот на германски Лајпциг, Лукас Клостерман, тврди весникот “Билд”.
Новиот менаџер на “топчиите” Унаи Емери во младиот дефанзивец гледа одлично засилување во дефанзивната линија, што се покажа како голема слабост за тимот минатата сезона.
22-годишниот фудбалер игра првенствено како крилен бек, а минатата сезона за тимот ја помина скоро на сите позиции во одбраната.