Арсенал стана уште еден клуб кој се најде во редот на заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг.
30-годишниот дефанзивец моментално игра со позајмица во Рома, но со своите добри игри привлекува се поголем интерес за него. Рома сака да го задржи во своите редови, но тие не сакаат да платат 25 милиони фунти за правата на Англичанецот, а тоа ја отвора можноста за потпишувањето на договор со другите кандидати. „Газета дело Спорт“ тврди дека Арсенал е подготвен да ги плати 25-те милиони за да го донесе Смолинг на „Емирати“.
Лично, менаџерот Микел Артета дал зелено светло за овој трансфер. Сепак, Арсенал како конкурент го има нивниот локален ривал Тотенхем. Жозе Мурињо исто така сака да го привлече Смолинг и не би било изненадување ако двата лондонски клуба влезат во трансфер битка за неговиот потпис.