Победата на Арсенал со 6:0 над Ленс беше најголемата досега за англиски тим над француски тим во европските натпреварувања.
Синоќа, Арсенал на домашен терен играше со Ленс и постигнаа шест погодоци против Французите. Каи Хаверц, Габриел Жесус, Букајо Сака, Габриел Мартинели, Мартин Одегард и Жоржињо погодија на оваа средба. Благодарение на оваа победа, избраниците на Микел Артета дојдоа до 12 бода во групата Б и се пласираа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
Покрај Арсенал, во плејофот од Лигата на шампионите се пласираа и Манчестер Сити, Баерн Минхен, Интер, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, РБ Лајпциг, Атлетико Мадрид, Барселона,Борусија Дортмунд, Лацио и ПСВ Ајндховен.