Арсенал најверојатно ќе испрати нова понуда за трансфер на Михаило Мудрик од Шахтјор.
Според „Тајмс“, откако Шахтјор одби да го продаде 21-годишниот крилен напаѓач за 45 милиони фунти (околу 50 милиони евра), лондонскиот клуб размислува да испрати подобрена понуда за него. Шахтјор е подготвен да го продаде Мудрик во јануари, но само за цената од околу 80 милиони фунти (околу 90 милиони евра). Арсенал не сака да ја плати целата сума, па новата подобрена понуда веројатно ќе биде околу 60 милиони евра.
Вчера продолжија преговорите меѓу двата тима.