Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арсенал со понуда за нов договор и поголема плата на голман Арон Рамсдејл
    Фудбал

    Арсенал со понуда за нов договор и поголема плата на голман Арон Рамсдејл

    risteBy riste19/10/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Арсенал планира да го награди својот голман Арон Рамсдејл со нов договор и поголема плата, пренесува „Атлетик“. 24-годишниот голман брзо се наметна во тимот на Арсенал и остави одличен впечаток со своите настапи откако беше донесен на „Емирати“ во 2021 година.

    Оваа сезона прими само 10 гола на 10 натпревари во Премиер лигата, а на 4 натпревари имаше чиста мрежа. Тој со добрите игри им помогна на лондончани да бидат лидери во првенството.

    Рамсдејл е под договор со Арсенал на уште четири години, а клубот има опција да го продолжи за уште една година. Сепак, „Топчиите“ веруваат дека голманот веќе се докажал како важен играч за клубот и заслужува повисока плата од онаа што ја добива во моментов. Во меѓувреме, лондончани ќе го обврзат на уште подолг период и ќе бидат мирни дека ќе можат да сметаат на него во иднина.

    Освен на Рамсдејл, од „Емирати“ одлучија да ги обноват договорите на голем дел од своите млади играчи кои покажаа позитивен развој во последните години. Букајо Сака, Габриел Мартинели и Вилијам Салиба наскоро ќе добијат понуди за нови договори.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.