Арсенал ќе има проблеми со последниот ред од одбраната за неговото гостување кај Спортинг во Лисабон во Лигата на Европа. Начо Монреал и Сеад Колашинац нема да можат да учествуваат на овој натпревар поради повреди. И двајцата се жалат на болка во колкот и не се најдоа во групата на играчи за оваа средба.
Петар Чех и Мејтланд-Најлс продолжија со тренинг, но тие нема да играат на овој натпревар, бидејќи сеуште не се подготвени. Сократис Папастатопулос беше вклучен во составот, но неговото учество во натпреварот е дискутабилно и ќе биде одлучено во последен момент.
Многу е веројатно дека Пјер-Емерих Обемејанг ќе започне од почетокот во нападот , пред се поради неговоо одлично преставување на мечот со Лестер каде влезе од клупата и беше творец на пресвртот.
Веќе подолго време повредените се Лорен Кошчелни и Динос Мавропанос кои исто така не се во комбинација на Унаи Емери.