Раководството на Арсенал си постави сериозни трансфер цели. Лондончани идентификуваа една од ѕвездите на Барселона како главен приоритет во летото.
Станува збор за францускиот интернационалец Жил Кунде, кој е главна фигура во изборот на Ханзи Флик.
Според некои каталонски медиуми, Арсенал е подготвен да изброи 75 милиони евра за дефанзивецот кој освен како централен дефанзивец игра одлично и како десен бек.
Кунде е важен дел од составот на Барселона, но поради финансиската ситуација на Шпанците, не е исклучено на лето клубот да преземе драстични мерки за да ги среди сметките.
Според одредени информации, не е исклучено Арсенал да ја даде првата понуда за време на зимскиот преоден рок, кој започнува на 1 јануари.

