Управата на Арсенал е подготвена да го продаде својот поранешен капитен Гранит Џака уште во јануари.
Швајцарецот се вплетка во сериозен скандал откако почна конфликт со навивачите на клубот за време на натпреварот со Кристал Палас минатиот месец. По инцидентот, на Џака му бил одземена капитенската лента, која сега е во рацете на Пјер-Емерик Обамејанг.
Сега англиските медиуми пренесуваат дека клубот е подготвен да се ослободи од фудбалерот во јануари. Зака има договор на уште 3,5 години, но Арсенал размислува за опциите за намалена цена на негова продажба.