Премиерлигашот Арсенал преговара со Реал Мадрид за трансфер на шпанскиот играч од средниот ред, Лукас Васкез.
Договорот може да биде реализиран на почетокот од следната недела. Надоместокот за трансфер треба да биде 32 милиони евра плус 3 милиони евра како бонуси.
Васкез е дел од „Кралскиот клуб“ од 2007 година. Дебитираше за првиот тим во 2012 година. Неговиот договор со Реал Мадрид завршува летото 2021 година. Минатата сезона, Шпанскиот фудбалер Лукас Васкез играше за Реал на 31 натпревар, беше автор на еден гол и три асистенции.
Заедно со Реал Мадрид, Лукас освои три титули во Лигата на шампионите. Како најава за овој можен трансфер беше објавено дека Реал Мадрид е подготвен да го продаде Васкез.