Напаѓачот на Арсенал, Николас Пепе може да го напушти клубот.
Според извори блиски до клубот, лондонскиот клуб е подготвен да се раздели со 26-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска во текот на летниот преоден рок за сума од 30 милиони евра.
Лондончани го купија фудбалерот од Лил за рекордни 72 милиони фунти, но тој никогаш не ги исполни очекувањата.
Оваа сезона Пепе одигра 18 натпревари на кои постигна 3 гола и забележа 5 асистенции.