Според португалскиот весник „ А Бола “, младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Желсон Фернандес го привлече вниманието на некои од најголемите европски клубови. За неговите услуги се заинтересирани Барселона, Јувентус и Арсенал, а весник наведува дека „топчиите“ се најзаинтересирани досега.
Имено, тие, наводно, се подготвени да ја платат клаузула за услугите на 17-годишниот крилен играч, која што изнесува 45 милиони евра.
Агент на овој млад фудбалер е Киа Јорабчијан, кој има одлични односи со тимот од северот на англиската престолнина.
Договорот на младиот фудбалер со Спортинг истекува во 2022 година.