Екипата на Арсенал вечерва од 21.00 часот против Виљареал ќе се обиде да постигне резултат кој ќе го оденесе во финалето од Лигата на Европа.
Пред една недела Арсенал загуби со 1:2 и денес ќе бараат пресврт против незгодниот ривал од Шпанија. На Арсенал му е потребна победа без примен гол или евентуален триумф со два гола разлика за да обезбедат место во финалето на 26 мај во Гдањск, каде веќе може да се каже дека е Манчестер Јунајтед откако ја совладаа Рома со 6:2, а вечерва имаат шанса да го потврдат пласманот во финалето на гостувањето на „Олимпико“ во Рим.
Доколку Арсенал не го постигне крајниот успех против Виљареал, ризикува да остане без настап во европските натпреварувања за прв пат во последните 25 години. Виљареал исто така има амбиции. По трет пат во својата историја „жолтата подморница“ стигна до оваа фаза од Лигата на Европа, но ниту еднаш не стигна до финалето.
Лошата вест за Арсенал е што Шпанците немаат пораз на последните 11 натпревари на гостински терен – 7 победи и 4 нерешени натпревари. Во двата тима има по еден казнет играч. Дани Себаљос кај Арсенал и Етиен Капу кај гостите.
Тренерот на Виљареал, Унаи Емери нема да смета на Висенте Ибора, а поради повреда Давид Луис го пропушти мечот за Арсенал.
Веројатни состави:
Арсенал: Лено, Чемберс, Холдинг, Габриел, Џака, Парти, Елнени, Пепе, Смит Роу, Сака, Обамејанг.
Виљареал: Рули, Гаспар, Албиол, Пау Торес, Педраса, Чуквуезе, Парехо, Кокелин, Тригерос, Бака, Морено.