Крилниот дефанзивец на Интер, Ашраф Хакими е близу до преселба во Лондон. Арсенал е заинтересиран за услугите на 22-годишниот Мароканец, информираше „Фудбал Лондон“.
Хакими е на личниот потесен избор на главниот тренер на „топџиите“, Микел Артета . Арсенал го има Ашраф Хакими како приоритетна цел за трансфери за следното лето, бидејќи Ектор Белерин може да го напушти тимот.
Во јануари оваа година, лондонскиот клуб го ослободи платниот список, разделувајќи се со Месут Озил, Сократис Папастатопулос, Шкодран Мустафи и Сеад Колашинац. Арсенал сега е финансиски подготвен за скапата аквизиција како што е Хакими. Во моментов неговата вредност се проценува на 50 милиони евра.
Да потсетиме, Хакими се приклучи на Интер во септември 2020 година, но поради финансиски проблеми Интер би можел да ја разгледа опцијата за негова принудна продажба.

