Играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио може да ја продолжи кариерата во првенството на Англија, пренесуваат медиумите на Островот. Лондонскиот клуб Арсенал е заинтересиран за играчот од средниот ред.
Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета очекува да го засили составот преку зимскиот преоден рок. Самиот Рабио сака да го смени клубот, затоа што е незадоволен од својата минутажа во Јувентус.
Оваа сезона Французинот настапи на 12 натпревари за Јувентус и немаше некоја забележителна улога. Важечкиот договор на Рабио со Јувентус важи до 2023 година. Рабио му се приклучи на Јувентус минатото лето од ПСЖ како слободен агент.