Крилото на Спортинг (Лисабон) Желсон Мартинс на списокот на желби за трансфер во Арсенал, пишуваат денеска медиумите на Островот.
Крилниот фудбалер има договор со португалскиот тим до 2022-та, во кој фигурира и откупна клаузула во износ од 52,7 милиони фунти. Тој одигра 46 средби и постигна 13 гола во штотуку завршената сезона што му донесе и покана за настап во португалската репрезентација за Светското првенство во Русија.
„Топџиите” пројавуваат интерес и кон дефанзивниот играч од средниот ред на Спортинг – Вилијам Карваљо, кој исто така е дел од националната селекција на Португалија за СП 2018.