Арсенал подготвува понуда за англискиот репрезентативец Рахим Стирлинг, а Манчестер Сити е подготвен да преговара, пишува британското издание на „Дејли Меил“. Според информациите, шампионите ќе направат голем број промени во нивниот проширен состав и тоа ќе се случи без оглед на резултатот од финалето на Лигата на шампионите против Челзи вечерва.
Фил Фоден веќе го замени Рахим Стирлинг во почетниот состав и менаџерот Пеп Гвардиола е подготвен да ги разгледа понудите за тинејџерот од Ливерпул, тврди „Дејли Меил“. Истото важи и за Ријад Марез, и за него е заинтересиран Арсенал.
Како потенцијални купувачи на Стирлинг се споменуваат и Барселона и Реал Мадрид, но сепак главната цел на двата тима дд англискиот пазар е Џек Грилиш.
Арсенал минатата година заврши на осмото место во Премиер лигата и иако може да си дозволи да фрли огромна сума на пари за трансфери, клубот нема да игра на европски клупски натпреварувања и не е многу атрактивен за водечките играчи, завршува во својот натпис „Дејли меил“.

