Поранешниот капитен на руската репрезентација, Андреј Аршавин, имаше објаснување за успехот на грузиската репрезентација која како дебитант успеа да влезе во нокаут-фазата на Европското во Германија.
Таму загуби од еден од фаворитите за победничкиот пехар, селекцијата на Шпанија.
„Поради четворица играчи. Станува збор за голманот (Мамардашвили), Хвича, Микаутадзе и Кочорашвили. Дисциплината на Сањол – ги форсира“ – вели Аршавин.

