Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Арсовска: Вардар е гордост на Скопје и треба да се врати во сопственост на Градот
    Фудбал

    Арсовска: Вардар е гордост на Скопје и треба да се врати во сопственост на Градот

    sasoBy saso14/11/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска по денешната пренамена на средства од буџетот за ФК Вардар потенцираше дека Вардар е гордост на Градот Скопје и на сите скопјани и токму поради оваа причина е потребно конкретно решение за спас на клубот.

    „Фудбалскиот клуб Вардар е гордост на Градот Скопје и на сите скопјани, токму поради оваа причина е потребно конкретно решение за спас на ФК Вардар. Денешниот амандман за пренамена на средства од буџетот на Град Скопје за ФК Вардар е само еден очаен обид за популизам од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно не се заинтересирани за конкретно решение на проблемите во клубот. Овие средства, ниту ќе ги решат проблемите на клубот, ниту ќе стават крај на истите, а дополнително е проблематично што во амандманот не е прецизирана намената за средствата и постои сериозна опасност парите на скопјани да завршат во џебот на оние кои го доведоа клубот во ваква очајна финансиска состојба. Град Скопје има конкретен план, план со кој ФК Вардар ќе се врати дома, односно ќе се врати во сопственост на Градот Скопје и повторно ќе ги доживее оние славни времиња во кои клубот имаше најголеми успеси и носеше огромна радост за сите скопјани. Откако ФК Вардар ќе се врати во сопственост на градот каде што припаѓа во клбуот мора да се спроведе сериозна и темелна истрага за причината поради која македонската фудбалска гордост се најде во ваква катастрофална финансиска состојба. Апелираме до МВР, Финансиската полиција и сите надлежни институции да истражат каде завршувала финансиската помош од градот во изминатите години и за кои намени управата и сопствеништвото ги трошело парите на скопјани. Во спортот нема место за политика, ниту за популизам бидејќи спортот е водилка за младите кои се иднината на Република Македонија. Вардар мора да се врати на заслуженото место во фудбалскиот свет и да носи успеси на кои ќе се гордееме сите“, се вели во соопштението од Градот Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.