Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, посочи тројца играчи кои биле клучни за вчерашната голема победа на теренот на Челзи во Премиер лигата.
„Најмногу се радувам за Енкетија и за неговите два гола. Знам низ што помина за да дојде до тука, – изјави шпанскиот тренер по големата победа на „Стемфорд Бриџ“.
„Многу сум среќен и за Ел Нени и Роб Холдинг. Поради нивниот пристап го добивме натпреварот“ – изјави тренерот на „топчиите“ кои сега се изедначија со Тотенхем на 4 место на табелата.