Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја коментираше победата на неговата екипа на натпреварот од 28-то коло во Премиерлигата против Тотенхем (2:1).
„Неверојатно е како одигравме денес по само два дена од последниот натпревар во Лигата на Европа. Тоа беше неверојатно. Губевме со 1:0 , но одигравме одлично и се вративме во натпревраот. Продолживме да го играме нашиот фудбал и заслуживме да победиме. Во последните 10 минути не можевме да се носиме со текот на натпреварот, и ова уште еднаш покажува дека треба да се подобруваме како тим. Ние се потпревме на среќата. Денес одигравме одлично и требаше да победиме со поубедлив резултат. Многу е важно како тимот реагира на она што се случува на теренот. Арсенал покажа дека можеме да реагираме на негатива и да не се предадеме. Обамејанг е неверојатно момче и еден од најважните играчи во тимот. Тој е наш капитен, но се случуваат такви работи. Во нашите животи се случуваат многу работи, а луѓето тешко можат да се справат со ограничувањата. Никогаш нема да зборувам за тоа што се случува во соблекувалната“, изјави Артета за „Би-Би-Си“.

