Екипата на Арсенал ја очекува денес последниот натпревар од сезоната, „Топџиите“ имаа уште една турбoлентна сезона, во која се сменија дури три тренери.
Сезоната ја започна Унаи Емери, привремено го водеше Фреди Љунгберг, за потоа да седне на клупата на Арсенал, Микел Артета кој реално добро си ја врши работата и „топџиите“ заиграа подобро.
И покрај сè, Арсенал на крајот од сезоната има можност да се бори за трофеј и тоа во најстарото натпреварување на Островот, а воедно и омиленото натпреварување на оваа екипа, затоа што се рекордери со 13 победи во финалето. Денешната средба против градскиот ривал ќе биде тешка, томот на Челзи е мотивиран и со сигурност нема да биде тоа лесен натпревар.
„Арсенал многу пати го освојувал трофејот и сакаме да го направиме тоа повторно. Сепак , финале е, единствен фокус е победата. Играат два големи клубови, Челзи е во добра форма и на одлично ниво, но ќе се обидеме да победиме. Работевме напорно, јас дојдов да ги вратам трофеите, поради играчите, клубот и навивачите. Имав контакти со Арсен Венгер во последните месеци, тој ми даде поддршка и совети. Поради него се чувствувам помирно“, изјави Артета.
Натпреварот Арсенал – Челзи се игра на „Вембли“ со почеток од 18:30 часот, а екипата на Челзи е благ фаворит според бубмејкерите.