Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, проговори за одличните партии на Гранит Џака кој за разлика од минатото сега има далеку поофанзивни задачи.
„ Мораше да се случи промена кај Џака. Моравме да се поставиме доминантно во завршната третина од теренот. Му го кажав тоа на крајот од сезоната“ – вели Артета.
„Побарав од него да направи промена. Веднаш разбра што сакам, тој е многу паметен и интелигентен и ја прифати новата улога“ – вели Артета.