Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета ги повика играчите да го искористат како катализатор утрешното четвртфинале во Лига Купот против Манчестер Сити. „Топчиите“ го имаат најлошиот старт во Премиер лигата во последните 46 години.
„Треба да се обидеме да го освоиме Лига Купот. Тоа може да биде одлична работа. Досега ги елиминиравме Лестер и Ливерпул. – потенцираше Артета.
„Нема да биде лесно против Манчестер Сити, но токму такви мечеви ни се потребни. Во клубот чувствувам поддршка и целосна увереност дека ќе го поминеме тешкиот период. Обамејанг нема да игра против Сити“ – изјави тренерот на Арсенал.

