Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, проценил дека играчот на Реал Мадрид, Едер Милитао, може да биде одлично засилување за „топчиите“.
Бразилскиот дефанзивец кој претходното лето го напушти Порто и се пресели на „Сантијаго Бернабе“, очигледно ја нема довербата на тренерот, Зинедин Зидан, кој главно ги форсира Рамос и Варан.
Доколку Милитао кој по повредата на Карвахал принудно играше на десната бековска позиција не ја добие вистинската шанса кај „белите“, тогаш Артета не ја исклучува можноста да го повика во Арсенал.

