Тренерот на Арсенал, Микел Артета, се изрази ласкаво за Порто пред стартот на осминафиналната серија во Лигата на фудбалските шампиони.
Англискиот состав доцна вечер ќе гостува на стадионот – „Драгао“ додека реваншот ќе го одигра на домашен терен во Лондон. Шпанскиот тренер вели дека португалците имаат голем квалитет во ростерот и дека неговите избраници ќе треба да бидат крајно внимателни.
„Порто има големо искуство на европските турнири. Тоа е навистина тежок противник но, ние сме полни со енергија и желба за успех“ потенцираше Артета пред денешниот меч во Португалија кој ќе започне во 21.00 часот.