Арсенал одигра 1:1 против Бенфика во првиот 1/16 финален натпревар од Лигата на Европа, а менаџерот на „топџиите“ Микел Артета изрази жалење за пропуштените шанси на неговата екипа и рече дека неговиот тим лесно можеше да победи и да обезбеди полесен реванш.
„Ние доминираме сериозно и создадовме неколку исклучително чисти ситуации. Кога ќе играте во Европа, треба да бидете бескомпромисни. Можевме да победиме и да бидеме смирени пред вториот натпревар. Сè ќе се реши на реваншот”, изјави Артета.
Тренерот на Бенфика, Жорже Жезус исто така е оптимист за конечниот исход на натпреварот. Иако португалскиот гигант не играше на нивниот стадион, туку на „Олимпико“ во Рим, Жесус беше задоволен од залагањето на играчите и начинот на кој се спротивставија на Арсенал.
„Нашата цел не е променета. Исходот од натпреварот е отворен, но голот на гостински терен навистина може да биде решавачки. Ќе се обидеме да победиме во Грција. Денес се справивме подобро во одбраната отколку во нападот. Штета што не можевме да создадеме повеќе ситуации за гол“, изјави Жорже Жесус.

