Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е на мислење дека недостатокот на навивачи на трибините би можел да им помогне на неговите фудбалери при претстојното враќање на фудбалот во Англија следната недела.
„Топџиите“ ја продолжуваат сезоната со натпреварот кај Манчестер Сити, по што следат уште три последователни натпревари на гости – против Брајтон и Саутемптон во првенството, и против Шефилд Јунајтед во ФА Купот.
„Се надевам дека ова ќе биде предност за нас. Очекувам да ни помогне да не ни се спротивстават нашите противници онака како што би играче пред полн стадион. Фудбалот е енергија и страст, а кога сте без навивачите, ситуацијата е избалансирана. Но, јас сум свесен дека пред нас има многу тешки натпревари и знам што може да се случи со нас ако ги потцениме нашите ривали“, рече Артета. Арсенал има само две гостински победи во текот на целата сезона, но Артета има за цел да победи против Манчестер Сити следната среда.
„Одигравме неколку пријателски натпревари, но тие немаат ритам како во Премиер лигата. Мислам дека ќе биде многу тешко да се одржи едно ниво во сите 90 минути, особено во првите неколку натпревари. Пред стопирањето на првенството, бевме во прилично добра серија, а сега имаме за цел да бидеме уште подобри“, додаде Микел Артета.