Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, вели дека е задоволен од прикажаната игра на вчерашниот меч со Бурмаут кој заврши нерешено 1 спрема 1. За шпанскиот тренер тоа беше деби на клупата на „топчиите“.
„Видов повеќе добри работи. Тоа што го планиравме успеавме да го реализиравме. Почетокот беше добар и требаше да играме на победа“ – вели Артета.
„Јас сè запознавам со квалитетите на играчите и гледам како можам да им помогнам. Тука сум само три дена а тоа е мал период да се направи нешто позначајно. Мислам дека ќе напредуваме“ – вели новиот тренер на Арсенал.