Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, проговори за дел од повредените фудбалери кои нема да настапат на претстојните мечеви.
„Мораме да бидеме внимателни со Габриел Жесус иако тој сака да се врати што побргу. Томас Парти ќе биде надвор од терените неколку недели“ – вели Артета.
„Топчиите“ утре ќе гостуваат кај Вест Хем во натпревар од четвртото коло во Купот на Англија. Се очекува Артета да истрча со комбиниран состав и да им даде шанса на помладите фудбалери.