Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета се осврна на ремито со ПСВ во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Неговиот состав по триумфот во Холандија со 7-1 и нерешените 2:2 на домашен терен, сигурно влезе во наредната фаза во елитата на Европа.
„Втора последователна сезона стигнуваме до четвртфиналето на Лигата на шампионите. Почнавме добро, постигнавме гол, двапати бевме во предност, но за жал не можевме да победиме. Играчите изгледаа уморни во вториот дел“ – изјави Артета.

