Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, беше разочаран по вчерашното реми без голови на теренот на Нотингем Форест во меч од Премиер-лигата.
„Доминиравме во играта и се обидовме да дојдеме до победа на секој начин. Требаше да упатиме повеќе шутеви и да имаме добра завршница“ – рече Артета.
„Гледаме напред и работиме со тоа што го имаме. Ситуацијата е иста како пред една недела или пред три месеци” – рече Артета.

