Микел Артета потврди дека Арсенал ќе биде активен во јануарскиот преоден рок и дека сака да го засили тимот.
Тимот на Артета направи неверојатен почеток на сезоната пред паузата за Светското првенство, победувајќи на 12 од 14 натпревари во Премиер лигата, со што има пет бода повеќе од Манчестер Сити на врвот на табелата.
Поради сериозната повреда што ја заработи Габриел Жесус на Светското првенство и која ќе го отстрани од терените околу три месеци, Артета е во потрага по нов напаѓач.
„Топчиите“ веќе сакаа да го засилат својот тимсо фудбалерот на Шахтјор Доњецк, Мудрик, но Артета потврди дека се во тек планови за доведување на други имиња.
„Бараме и сме активни во можностите. Ако успееме да ги најдеме играчите кои ќе го засилат тимот, ќе се обидеме“, изјави Шпанецот.