Микаел Артета, кој претходно беше најавуван како еден од претенденти за функцијата главен тренер на Арсенал, наводно одбил да работи во лондонскиот тим по Арсен Венгер.
Претходно во медиумите се појавија информации дека извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис, и сопственикот на контролниот пакет Стен Кронке одлучиле довербата да му ја дадат на Артета, но тој сам се повлекол од преговорите.
Причината за неговото прекинување на разговорите е неговото барање сам да ги контролира трансферите, што не им одговарало на шефовите на Арсенал.