Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е убеден дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе остане во Арсенал. Тој вчера и јавно го повика клубот да го финализира неговиот договор.
Напаѓачот има постигнато пет гола во последните шест натпревари за „топчиите“, вклучувајќи ги двата гола во победата над Манчестер Сити во полуфиналето на ФА Купот.
Обамејанг влезе во последната година од неговиот договор вреден 190.000 фунти неделно, и побара нов и подобрен тригодишен договор. Неговата позиција се смени во последните неколку месеци откако најави дека можеби ќе биде подобро да си замине од Арсенал.