Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше бесен по поразот од Њукасл со 1:0. Шпанецот не го криеше разочарувањето што голот на „страчките“ не беше поништен.
„Како можеа да го признаат тој гол? Тоа е неверојатно, едноставно сум засрамен. Апсолутна срамота е што го примивме тој гол. Тоа не е гол поради многу причини, едноставно не е гол. Многу е тешко да се игра на ова ниво, па срамота е кога ќе примиш таков гол. Во оваа земја сум 20 години и се срамам од тоа што се случи. Срамота е затоа што влогот овде е многу висок“, изјави Артета.