Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, не се откажа од идејата да го привлече играчот од средниот ред на Порто, Данило Переира.
28-годишниот фудбалер беше еден од најзаслужните за освоената титула во Португалија. Според одредени вести, неговата трансферна вредност е околу 30 милиони фунти. Се верува дека „топчиите“ не се подготвени да ја платат целата сума и дека ќе понудат околу 20 милиони.
Переира кој претходно играше за Парма и Маритимо, главно дејствува во средниот ред, но, помага и во дефанзивата. Тој во претходната сезона одигра 40 мечеви во сите натпреварувања.