Јапонецот Такехиро Томијасу за жал беше еден од трагичарите на Арсенал на синоќешното дерби со Манчестер Сити и поразот на домашен терен од 3:1. Јапонецот направи очајно додавање кон голманот Арон Рамсдејл, кое потоа Кевин Де Бруин лесно го претвори во гол за водство на гостите.
Грешката сериозно го налути менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
„Никогаш не сум го видел Томијасу да направи такво додавање во последните седум години, но тој го направи тоа денес кога најмалку требаше. Тие знаеја како да не казнат. Сите играчи се тажни бидејќи знаат дека можевме да направиме многу подобар резултат. Не одигравме како што знаеме“, вели Артета по поразот со кој Сити се израмни со нив на врвот на табелата.