Фрустрираниот менаџер на Арсенал, Микел Артета им се извини на навивачите по поразот од 3-0 на домашен терен од Брајтон и им стави крај на надежите за титулата во Премиер лигата.
Сити би можел да биде шампион во сабота навечер ако Арсенал загуби од Нотингем Форест.
„Навистина различно чувство од чувството што сите го имавме минатата недела. Денес е сосема спротивното. Мораме да им се извиниме на нашите навивачи. Втората позиција е сигурна. Тоа нема да се промени. Во моментов сум фрустриран. Чувството дека го подаривме натпреварот во второто полувреме е лошо“, вели Артета.