Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, верува дека неговиот состав може да биде пред Манчестер Сити и да ја освои најсилната фудбалска лига во Англија.
„Мораме да ги надминеме. Има детали кои не ги контролиравме. Затоа останавме без пехарот“ – вели Шпанецот.
„Ако се гледа метриката, имаме добри остварувања. Ќе треба извесен период да бидеме подобри од нив“ – потенцираше менаџерот на „топчиите“.